Дневен хороскоп за 02.08.2020

дневен хороскоп

ОВЕН

Може да очекувате многу добар ден кога станува збор за работата, сѐ укажува на тоа дека ќе ги остварите плановите кои ги имате. Може да се надевате на добра ситуација на љубовно поле. Внимавајте на крвниот притисок.

БИК

Доаѓаат големи промени на деловно поле. Имате впечаток дека поголемиот дел од нив не зависи од вас. Чувствувате голема доза љубов кон личноста со која се гледате и имате потреба да ја зацврстите врската. Помали проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволна атмосфера во односот со колегите. Може да се надевате на позитивни пресврти на ова поле. Ве очекува можност за флерт и ново познанство. Проблеми со грлото и синусите.

РАК

Доаѓате до големо подобрување кога станува збор за работата, нови можности се пред вас. Вашите емоции се силни и искрени сте кон саканата личност. Сакате да остварите однос во кој ќе имате стабилност. Здравјето е во ред.

ЛАВ

Од вашите одлуки зависи текот на ситуациите на деловно поле. Ако се потрудите сз ќе биде како што треба. Разочарани сте во саканата личност и не ви е лесно да преминете преку сѐ што се случи. Патите, но сепак избирате крај. Проблеми со главоболка.

ДЕВИЦА

Нема да имате премногу работни обврски денес, пред вас е можност да се одморите од сѐ. Ви пречи помислата дека вашиот партнер можеби има уште некој и љубомората ви ги опседнува мислите. Проверете крвна слика.

ВАГА

Имате среќа и задоволни сте со тоа како влијае на вас работното опкружување. Пред вас е фаза во која е може да дојде до напредување. Многу поволен ден за ново познанство. Може да се надевате на промени. Поведете сметка за холестеролот.

ШКОРПИЈА

Поволен ден за почнување нов бизнис, може да очекувате многу добра фаза. Доколку сте во долга врска, ве очекува можност со саканата личност да поразговарате на тема заеднички живот. Помали проблеми со цревата.

СТРЕЛЕЦ

На деловно поле не ви е лесно да остварите што сте замислиле. Се впуштате во флерт со личност која не е сосема слободна и знаете дека таквиот однос води кон правење грешки. Можни се проблеми со грлото.

ЈАРЕЦ

Доаѓате до помал прилив на пари и не сте задоволни бидејќи сметате дека ќе имате и некоја подобра прилика. Љубовната ситуација во која се наоѓате може да биде едноставна ако само ги признаете своите емоции. Зголемен апетит.

ВОДОЛИЈА

За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини. Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување. Јадете помалку.

РИБИ

Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство. Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив. Прочитајте некоја книга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот