Дневен хороскоп: Ве очекува ден исполнет со длабоки и интензивни емоции

Овен

Ако сте нестрпливи и сакате да почнете или да активирате некои деловни ситуации што е можно поскоро, денешниот ден не ви дава можност работите да ги завршите побрзо. На емотивно поле, деновите што следуваат се различни – еден час се повлекувате и молчите, еден час со енергија и добра комуникација помеѓу вас и партнерот.

Бик
Емотивно незадоволство и чувство на неисполнетост е моменталната слика кај вас. Причините можат да бидат различни: недоволно време поминато со партнерот, неисполнети очекувања, сомнежи или тајни што ги имате, љубомора… Чувството на воздржаност го држите во себе, и затоа емотивниот живот ќе биде тивок.

Близнаци
Можеби комуникацијата со партнерот понекогаш е чудна, можеби нема да сфаќате сѐ од прв пат, можеби ќе дојдат периоди на молчење, но генерално, нема да имате посериозно проблеми со партнерот. Барем не оние кои не можат да се решат набрзина. Во други животни ситуации не сте задоволни, но нема да влијае на односот со партнерот.

Рак
Слободните одат наназад. Или мислите ќе ви се враќаат во минатото, или и вие лично ќе се упатите по таа патека. Можеби ниту самите не знаете зошто, едноставно така ви дошло во овој момент. Секој договор и секоја деловна ситуација ќе оди со задоцнување или ќе мора добро да се помачите повеќепати за да успеете.

Лав
Нема посебни пречки во односот со личноста што ја сакате. Комуникацијата повремено може да биде обоена од некоја чудна енергија, недоразбирање или засилена посесивност, но генерално, ова се ситници што вие двајцата успешно ќе ги надминете. Што се однесува до парите, се трудите да не го пречекорите својот буџет.

Девица
Ќе има компликации, неуспеси, повремени проблеми во договорите и при извршувањето на работата, но колку и да ви изгледа тешко и како голем проблем, постои решение и ќе го пронајдете. Исто така, иако можеби сте се откажале од неколку работи, ќе ви се пружи можност уште еднаш да ги активирате, овој пат како што треба.

Вага
Контактирањето со една личност ќе се покаже како многу важно за вас и можно е токму таа да ве „турка“ кон решавањето на многу прашања што се од голема важност за вас сега. Слободните Ваги ако влезат во нова емотивна приказна, таа дефинитивно ќе биде обоена со многу длабоки и интензивни емоции, но и компликации и осцилации.

Скорпија
Околу сѐ ќе се согласувате со партнерот, освен во моментите кога тој е тврдоглав, а вие нервозни, но преку емотивен сегмент ќе се чувствува некоја празнина. Во превод – има сè, само вистински емоции не. Всушност, и тие се тука, но во моментот не можат да избијат во прв план, па може да се случи денес да бидете некако незадоволни.

Стрелец
Успевате да постигнете договор со партнерот за многу важни прашања или да решите некои ситуации кои двајцата ве оптоварија, што ќе доведе до подобрување на атмосферата и расположението во врската. Сè уште постојат работи во кои има нерасположение или вознемиреност, но генерално, сепак ќе биде мирен ден.

Јарец
Слободните на емотивниот план ќе има интересни случувања, но тие пред сè, се поврзани со страста, хемијата, за луѓето кои ви предизвикуваат бура од емоции. Исто така, кај некои од вас, вашето љубовно минато е многу актуелно и може да дојде до обновување на односот. Ви недостасува некој од минатото и со него денес ќе остварите контакт.

Водолија
Работите нема да се случуваат како што вие замисливте. Но, со малку труд, со мала помош на другите, со малку компромис – на крајот ќе решите сè многу успешно и во своја полза. Ве вознемирува што не можете да се потпирате на другите во моментов, особено на нивните ветувања, сепак има луѓе на кои можете да им верувате.

Риби
Не сакате да ги слушате советите што ги добивате и ги правите работите на свој начин. Се разбира, зборуваме за вашата емоционална врска и за тековната состојба што баш и не ви се допаѓа. Што ви пречи, само вие знаете, но во секој случај, ќе успеете само еден дел од проблемот да го решите или сомнежите што ги имате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот