Дневен биланс на ковид-19 во Македонија: Нови 396 позитивни тестови, починаа 15 лица, оздравеа се 442

EPA-EFE
Ковид тест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 198, во Куманово – 12, во Штип – 12, во Прилеп – 14, во Тетово – 18, во Струга – 9, во Велес – 13, во Битола – 14, во Охрид – 11, во Кавадарци – 13, во Гостивар – 7, во Гевгелија – 4, во Струмица – 13, во Крива Паланка – 3, во Радовиш – 4, во Крушево – 3, во Кочани – 6, во Пробиштип – 1, во Демир Хисар – 1, во Пехчево – 1, во Делчево – 10, во Кратово – 1, во Свети Николе – 3, во Кичево – 11, во Ресен – 8 и во Неготино – 6.

Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 442 оздравени пациенти од Скопје – 229, од Куманово – 17, од Штип – 7, од Прилеп – 39, од Тетово – 14, од Велес – 17, од Битола – 11, од Кавадарци – 28, од Гостивар – 13, од Гевгелија – 8, од Струмица – 6, од Крива Паланка – 9, од Радовиш – 4, од Кочани – 10, од Демир Хисар – 1, од Македонски Брод – 1, од Пехчево – 5, од Берово – 5, од Валандово – 2, од Виница – 3, од Кратово – 3, од Кичево – 5, од Ресен – 2 и од Неготино – 3.

Починаа 15 пациенти – четворица од Скопје (82 год., 70 год., 85 год. и 75 год.), еден од Куманово (60 год.), еден од Велес (62 год.), еден од Охрид (61 год.), тројца од Кавадарци (77 год., 90 год. и 51 год.), тројца од Гостивар (73 год., 67 год. и 33 год.) и двајца од Виница (54 год. и 83 год.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.986, бројката на оздравени пациенти е 69.137, на починати е 2.672, а бројот на активни случаи изнесува 16.177. Дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје – 38.165, активни – 9928
  • Куманово – 4.951, активни – 470
  • Дебар – 695, активни – 139
  • Штип – 3.417, активни – 204
  • Прилеп – 4.430, активни – 325
  • Тетово – 4.925, активни – 702
  • Струга – 2.115, активни – 185
  • Велес – 2.908, активни – 380
  • Битола – 3.152, активни – 371
  • Охрид – 2.614, активни – 425
  • Кавадарци – 2.350, активни – 465
  • Гостивар – 3.504, активни – 439
  • Гевгелија – 1.234, активни – 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица – 2.443, активни – 453
  • Крива Паланка – 697, активни – 99
  • Радовиш – 665, активни – 76
  • Крушево – 184, активни – 31
  • Кочани – 1.673, активни – 153
  • Пробиштип – 471, активни – 36
  • Демир Хисар – 239, активни – 29
  • Македонски Брод – 234, активни – 15
  • Пехчево – 173, активни – 25
  • Берово – 554, активни – 65
  • Валандово – 323, активни – 32
  • Виница – 472, активни – 62
  • Делчево – 708, активни – 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово – 206, активни – 14
  • Свети Николе – 1.060, активни – 71
  • Кичево – 1.641, активни – 191
  • Ресен – 688, активни – 125
  • Неготино – 1.095, активни – 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.192 теста се преку ИЈЗ – 538, преку ЦЈЗ Скопје – 78, преку „Авицена“ – 226, преку „Биотек“ – 180, преку МАНУ – 108, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 112, преку „Систина“ со PCR метода – 191, преку лабораторија „Лаор“ – 75, преку Судска медицина – 3, преку ЦЈЗ Битола – 71, преку Инфективна клиника – 3, преку „Синлаб“ – 30, преку „Ремедика“ – 19, преку ЈЗУ (рапид тест) – 554 и преку УК Пулмологија со алергологија – 4. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на ковид -19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот