ДММ 2020: Грандиозни концерти со македонска музика

Фестивалот „Денови на македонска музика“ држи фантастично темпо во својата прва сезона од 43-то издание. Почна со драјв-ин концертот „Генерации“ на Биг бендот на ЗЏМ со диригентот Владимир Николов, продолжи со одличниот Битолски камерен оркестар со „Медитерански приказни“ од Љубомир Бранџолица, ги откри сонетните композиторски асови, како Вања Николовски – Ѓумар, Благој Цанев, Властимир Николовски и Гоце Коларовски и понуди „МКалеидоскоп“.

Симона Гајдоска и Дарија Андовска

Уметничките раководителки Дарија Андовска и Симона Гајдоска на почетокот најавија „да се присуствува на изведба на музичко дело е свечен чин, но да се присуствува на праизведба, односно премиера, е привилегија, бидејќи така учествувате во раѓањето на артефактите што ја одбележуваат сегашноста и ја трасираат иднината“. Во организација на СОКОМ првата сезона ќе трае до 28 септември, а октомвриската ќе понуди дополнителни возбудувања.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот