ДКСК не ги прифати приговорите од „Левица” и коалицијата „Најдоброто за мојата општина”

ДКСК/ Фото: mia.mk

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во рамки на 52.седница ги одби приговорите кои на 5 октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица преку застапник по закон проф.д-р Димитар Апасиев и коалицијата „Најдоброто за мојата општина” предводена од СДСМ преку подносител Бранко Георгиевски. На седницата ДКСК одлучи постапката по изнесените наводи да ја запре.

Членот на ДКСК, Нури Бајрами, кој го образложи првиот приговор, рече дека наводите од приговорот на „Левица” за финансирањето на политичкото рекламирање на кандидатката Данела Арсовска, не се потврдени и правно неиздржани и затоа ДКСК не е во можност да предлага мерки во согласност со своите надлежности.

Од анализата на изнесените наводи од приговорот и посочените одредби на Изборниот законик, како што посочи Бајрами, се потврдува дека Арсовска и коалицијата „Обнова за Македонија” настапуваат како два различни субјекта и нема склучено официјален писмен договор за коалиција на двете страни

Потенцира и дека е точно оти Арсовска ги користи правата на медиумско претставување и финансиските средства за платено политичко рекламирање кои се предвидени и следуваат на опозициската коалиција „Обнова на Македонија”, што се потврдува преку писмениот одговор добиен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Во одговорот покрај наведено стои дека според обработените снимки од програмите на радијата и телевизиите не регистрирале политичко рекламирање со Данела Арсовска, а во дел од емитуваното платено политичко ркеламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ и на радија и на телевизија има спотови и за таа кандидатка. Во продолжение на одговорот од Агенцијата се вели дека рекламирањето на Арсовска во рамки на платеното политичко рекламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ не е спротивно на упатството за платено политичко рекламирање за локалните избори“, истакна Бајрами.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во врска со вториот приговор, рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот