ДКСК: Ќе иницираме постапка за незаконско финансирање на партија за време на изборна кампања

ДКСК/ Фото: mia.mk

Антикорупциската комисија ќе покрене иницијатива пред Јавното обвинителство за поведување постапка против политичка партија за незаконско финансирање за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори. Овој заклучок беше усвоен на денешното продолжение на 45 седница на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

– Постапувајќи по нашите надлежности, ние во октомври доставивме барање до Државниот завод за ревизија и до Управата за финансиско разузнавање барање за надлежно постапување. Имаше сомневања дека дел од политичките партии се финансираат спротивно на изборниот законик, односно од недозволени извори на финансирање. Неодмана добивме одговор од Управата со кој се потврдија нашите наводи за незаконско финансирање на една политичка партија. Предлогот е за конкретната партија ние да покренеме иницијатива пред Јавно обвинителство за поведеување постапка, беше посочено на седницата, а заклучокот беше едногласно усвоен, велат од ДКСК.

ДКСК денеска или утре ќе изготви обраќање до Владата со барање за нејзино известување по однос на отворен предмет за дивоградбите во Охрид и Струга.

– Сакам јавно да реагирам за однесување на министерот за транспорт и врски бидејќи ние како комисија испративме барање уште во јуни да кажат како планираат да постапат со бесправно изградените објекти во Струга и Охрид. Владата ни одговори дека го задолжила Министерството да постапи и да ја извести Владата за тоа постапување, а Владата да нè извести нас. По медиумите видов дека министерот, при посета на Охрид пред една недела, кажал дека Владата донела заклучок да се реши крајбрежјето кај Охридското Езеро. Мислам дека тој заклучок требало Владата да ни го достави нас, рече членот на ДКСК Горан Трпеноски.

Седницата продолжи со постапување по конкретни предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот