ДКЦ Карпош по петти пат ја организира детската манифестација „Движи се за здравје“

Во склоп на Европската недела на движењето што се одржува од 16.09 до 22.09 2019 год., спортскиот оддел при Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка и поддржано од Град Скопје ќе ја организира манифестација под мотото „Движи се за здравје“.

„Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно. Тоа може повторно да биде така доколку ни се придружите на нас и на милион останати низ Европа на „НЕДЕЛАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ“. Низ целата недела на движењето ќе ја откриете чистата забава во трчањето, скокањето, качувањето и танцувањето додека сите сме активни заедно“, велат организаторите.

Манифестацијата е од забавно рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст.

Од секоја градинка од Скопје и околината ќе учествуваат по пет момчиња и пет девојчиња од најголемата група, а на манифестацијата ќе има вежби и со велосипед или тротинет.

Манифестацијата ќе се одржи по петти пат на 17.09.2019 год.(вторник) со почеток во 10,00 часот  на платото пред фонтаната Лотос во градскиот парк.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот