Дизниленд во Париз од вечерва повторно ќе биде затворен

Архива на СП

Забавниот парк Дизниленд во Париз повторно ќе биде затворен бидејќи Франција воведува блокада против ширењето на коронавирусот, соопштија денеска од американската компанија.

Дизниленд во Париз беше затворен во март и повторно отворен во јули. Паркот ќе биде затворен од вечерва.

Според мерките кои во Франција утре стапуваат на сила, луѓето ќе мораат да останат дома освен во случај на купување на основните намирници, посета на доктор или едночасовни вежби за време на целиот ден. Исто така ќе биде овозможено да се оди на работа, доколку работодавачот не може да обезбеди работа од дома. Училиштата ќе останат отворени.

ВИДЕО: И Макрон воведува карантин во Франција, почнува од петок

Од Дизни изразија надеж дека паркот во Париз ќе биде повторно отворен за празничниот период од 19 декември до 3 јануари. Според наводите во соопштението, одлуката ќе се заснова на условите и насоките кои ќе ги даде администрацијата.

Дизниленд во Калифорнија е затворен уште од март. Дизни во септември соопшти дека отпушта 28.000 работници, најмногу од забавните паркови во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот