ДИЗНИ СООПШТИ ТАЖНИ ВЕСТИ: Почина Мини Маус!

Веста за нејзината смрт ја објави компанијата „Волт Дизни“ и наведе дека Тејлор починала во Глендејл во Калифорнија во петокот, минатата недела.

Актерката Руси Тејлор, која повеќе од 30 години го позајмуваше гласот на дизниевата Мини Маус, почина на 75 години.

Руси Тејлор е родена во Кембриџ во Масачусетс 4.мај 1944 година, а кажала и дека го запознала Волт Дизни, кој прв го позајмувал гласот на Мики и Мини, кога го посетила Дизниленд како девојче.

– Во еден момент додека зборувавме тој ме праша што сакам да работам кога ќе пораснам и јас му кажав дека сакам да работам со него. Тогаш тој рече „ОК“ и сега работам, изјави тогаш Тејлор.

Таа била избрана меѓу 200 кандидати да ја игра Мини на аудицијата 1986 година и го позајмувала гласот на Мини во анимираните филмови во ТВ сериите, филмовите и атракциите во парковите.

Исто така, нејзиниот глас можеше да се слушне и во Симпсонови, како и во долгометражниот филм „Малата сирена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот