„Дизни“ реагираше на тужбата на Скарлет Јохансон: „Црна вдовица“ достапен на интернет додека се прикажува во кино салите

Profimedia
Фото: Profimedia

Компанијата Дизни по поднесената тужба во Лос Анџелес изјави дека заработила 125 милиони долари од емитување на филмот на Марвел „Црна вдовица“ преку платформата за стриминг.

Главната актерка во филмот, Скарлет Јохансон, пред три недели го тужеше „Дизни“, тврдејќи дека договорот е прекршен бидејќи филмот се емитувал на интернет додека се прикажувал во кино салите, пишува Ројтерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scarlett Johansson (@scarlett4real)


„Дизни“  се спротивстави на барањето на актерката за градско судење во Лос Анџелес, барајќи тужбата да биде испратена во Њујорк.

Во тужбата поднесена до Високиот суд во Лос Анџелес, Јохансон тврди дека стратегијата за двојно емитување на филмот ја намалила нејзината заработка.

„Дизни“  верува дека тужбата „нема смисла“ и наведува дека емитувањето на филмот преку Интернет „значително ја зголемила нејзината способност да заработи дополнителни 20 милиони долари до денес“.

Видео на денот