ДИЖС: Извршен надзор над депонијата во Росоман, изречени казни

Фото: МИА

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека минатата недела инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот периот и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот.

Во текот на надзорот, како што се наведува, се утврдени траги од горење и видлив чад на повеќе места.

– Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице). Издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад, се наведува во соопштението.

Државниот инспекторат за животна средина постојано врши контроли врз примената на минималните технички услови на депониите на кои се отстранува отпадот од страна на општинските јавни комунални претпријатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот