Дизелот вечерва ќе поевтини за пет денари – Бектеши побрза да ја соопшти веста пред РКЕ

Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево за ТВ21 изјави дека вечерва се очекува ново намалување на цените на горивата, поточно на дизелот.
Како што вели тој, согласно методологијата и пресметката, состојбата на светските берзи, но и мерките донесени од Владата за наламување на ДДВ и акцизата, вечерва на полноќ дизелот треба да поевтини за повеќе од пет денари.
Ова е првпат еден владин министер да ја прогнозира или најавува промената во цената на нафтените деривати, кои во земјава ги одредува тело кое треба да е независно од Владата – Регулаторната комисија за енергетика.
Видео на денот