Дизајниран познатиот симбол за мир, Мик Џегер со прв самостоен албум и други настани кои ја одбележаа музиката на денешен ден…

Во продолжение погледнете со кои други музички настани низ историјата се поврзува денешниот ден.

На 21 февруари е дизајниран симболот за мир, кој подоцна има големо влијание во музиката, па слободно може да се смета за голем историски момент во музичката индустрија. 

Во продолжение погледнете со кои други музички настани низ историјата се поврзува денешниот ден: 

1958 година – Дизајниран симболот на мирот. Познатиот „Peace symbol“, симбол на мирот, всушност е дизајниран од Англичанецот Гералд Холтон за протестниот марш во Лондон, кој е организиран како дел од антинуклеарното движење, а официјално е претставен на денешен ден во 1958 година. Симболот за мир стана заштитен знак на хипи движењето, кое беше проследено со рок музика во втората половина на шеесеттите и кон почетокот на седумдесеттите години од минатиот век. Овој симбол доминираше и на легендарниот рок фестивал Вудсток во 1969 година. Исто така, изразите како „мир“ и „мир во светот“, во тоа време важеа за вообичаени поздрави помеѓу рок популацијата.

Фото: Инстаграм

1964 година – Три рани британски рок класици се објавени во ист ден, поточно на денешен ден во 1964 година. „The Rolling Stones“ издадоа сингл со песната „Not fade away“, обработка од песна која во 1957 година ја сними Бади Холи, но верзијата на популарните Стонси влезе на листата од 500 најдобри песни на сите времиња и тоа на високото 107 место. Потоа, англиската група „The Hollies“ го објави својот хит „Just one look“, а Били Крамер ја промовираше песната „Little children“.

1976 година – Во Сараево на денешен ден се случи концертната промоција на првиот солистички албум на пејачот на босанската група „Индекси“, Даворин Поповиќ, под наслов „Свака је љубав иста (осум оне праве)“. Даворин, секако, во таа прилика настапи со комплетниот состав на „Индекси“ и во програмата беа вклучени нумери од самостојниот албум на пејачот, како – „У теби се жена раџа“, „Била си ти, била је љубав“, „И пад је лет“, како и сите познати хитови на сараевската група.

1985 година – Мик Џегер го објави првиот самостоен албум „She is the boss“, за чие снимање собра голема екипа на познати музичари, помеѓу кои беа Џеф Бек, Скај Дубнар, Карлос Аломар и други, а од ова издание на светските топ листи се појавија само песните „Just another night“ и „Lucky in love“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот