Дизајнерката Викторија Бекам: Модниот бизниз секогаш ми бил суден! (ФОТО)

Instagram
Instagram

Поранешна членка на групата „Spice Girls“ е успешната модна дизајнерка Викторија Бекам, која отсекогаш нагласува дека работата во модната индустрија најмногу ја исполнува. Таа се збогуваше со музичката сцена откако во 2008 година го започна својот моден бренд. Од тој момент таа работи напорно за секоја нова колекција, а не ја спречи ниту пандемијата од коронавирусот. Викторија карантинот го искористила за да смисли нова колекција, која наскоро ќе ја претстави во јавноста, а за таа прилика избра фотографија од детството. Со фотографијата на која мало девојче пегла на детска даска за пеглање, Викторија сакала да даде до знаење дека модниот бизнис ѝ бил суден.

Instagram

„Секогаш сум била спремна за ателје“, напиша Бекам на Инстаграм.

Instagram

Неодамна славната 46-годишна дизајнерка предизвика бес во јавноста со своите деловни одлуки. Всушност, таа одлучила своите 30 вработени среде кризата од пандемијата да ги пушти на платен одмор кој ќе биде финансиран од страна на британската влада по пат на сигурносен фонд кој го доделува владата на сите погодени од вирусот. Доколку се одлучела да плати од свој џеб, нејзиното семејно богатство би се намалило за 225 илјади фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот