Дизајнерката Ивана Кнез деновиве се соочи со голема загуба: Има болка која боли и има болка која менува.

радован драма ивана кнез
Фото: Принтскрин / Instagram

Феникс по душа, мачка по срце, кралица на драма во живот, смела и впечатлива како во приватниот така и во професионалниот  живот кој бележи повеќе од деценија, македонската дизајнерка Ивана Кнез остава видлива трага на македонската модна сцена. И не можеше да избере поадекватно име за свот бренд „Драма“, ниту подобро лого за негова илустрација „Лавкетс“. Логото на самиот бренд стана и негова сила. Малата препознатлива маска за која инспирацијата навидум случајно ќе биде нејзиниот обожуван мачор Радован, со кој деновиве мораше да се раздели.

мачор радован драма
Фото: Приватна архива

Во нејзината објава по повод тажниот момент таа напиша-“Има болка која боли и има болка која менува. Ти чудо мое знам дека ќе ми се вратиш, малку ми беа 15 години со тебе. Јас те направив бренд, ти ми покажа љубов, заедно станавме @lovecatsoriginal јас не верувам во задгробен живот, верувам само во овој, сега и овде се важи, откако ќе го изгубиш тоа што бескрајно го сакаш понатаму ништо не е важно, се важи само времето поминато додека сте заедно. Радован ќе останеш вечен, ти ветив, и светот цел ќе знае колку еден најубав мачак може да промени нечиј живот. Патувај во мир љубов моја, ќе дојдеш пак знам.“

мачор радован драма
Фото: Приватна архива

Ивана е препознатлива и по својата огромна безусловна љубов кон животните, особено мачките, а на сите вљубеници во животните кои изгубиле миленик таа болка им е добро позната  иако за неа има и добива една  друга димензија  и ново подлабоко значење, за кое таа вели:

Сите ја знаат приказната за Радован, сите кои мене ме познаваат знаат што тој мачор значеше во мојот живот. Си ветив како мала дека нема да купам животно, дека секое животно кое ќе го имам ќе биде посвоено и спасено од улица. Ова мое прво чудо беше мачорот што ми го промени животот комплетно, ме научи што значи љубов, ми покажа колку неверојатно и магично едно животно може да те спаси. Кога не знаев какво треба да биде моето лого, после неколку поминати часа седната на маса со секакви чкртаници пред мене, Радован кој во тој момент имаше неполна година се качи на масата, избутка се и седна пред мене. Земав молив и во тој момент се случи „The Lovecat“. Прво како лого, потоа како посебен бренд, Радован стана икона која сите ја обожуваат и сакаат да ја имаат. Целата идеологија на безусловна љубов на самиот бренд е поврзана си неговиот живот, знаеше да каже и покаже се што сака, тој беше единствениот мачор што јаде со раце, единствениот мачор што знаеше да си покаже баш точно што му треба. Многу пати имам кажано, посвои животно и спаси се себе. Ќе го искористам ова интервју пред претстојните празници да ги повикан сите родители да ги стават личните потреби на страна и на своите дечиња да им донесат животно за подарок, посвоено животно, некое кое ќе ве сака и ќе расте во љубов заедно со вашето дете. Радован стана дел од мојов живот после 20 години борба со татко ми кој беше против чување животни во стан. Кога го запозна, се заљуби бескрајно во ова мало чудо кое ни промени се‘. Ви посакувам на сите свест и разум, за да може да ги цените моментите кои ги имате со најмилите секој ден, ви посакувам здравје и исполнети соништа и за вас и за вашите деца и ви посакувам љубов, иста како онаа која јас и Радован ја делевме со моето семејство.

мачор радован драма
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот