Дивите вепри собраа искуство и аплаузи

Митко Билјановски

Скопје валјд боарс, првата македонска рагби екипа, не успеа со победа да ја круниса добрата и борбена игра на дуелот со „Орлите” од Пеќ.

„Дивите вепри” во неделата во прекрасна атмосфера на теренот на Локомотива го загубија натпреварот од поискусниот гостински тим со 24-38 (12-12), по фер и борбен натпревар. Екипите играа со по десет рагбисти, а поените за Вајлд боарс ги постигнаа Стефан Борозан, Александар Смиљановски, Димитар Нарашанов и Петар Адамчески.

– Прекрасен ден за рагбито. Натпреварот беше напорен, но фер од двете страни. Ние го дадовме максимумот и сите од клубот се горди на петнаесете играчи што нѐ претставуваа – објави клубот по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот