Дивите ѓубришта на „удар“ на градоначалниците на Кисела Вода и Бутел

Расчистување на дива депонија во Драчево/Фото: Општина Кисела/Фејсбук

Дел од новите градоначалници мандатот го започнаа со чистење на дивите депонии на територијата на своите општини.

Во Општина Кисела Вода денеска започна да се чисти дивата депонија во месноста викана Дупка во населбата Драчево, каде според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во иднина ќе има парк од 4.000 метри квадратни. Тој најави дека  активностите ќе продолжат сѐ додека не се отстранат сите диви депонии во општината.

И првиот човек на Бутел се зафати со депониите.

-Денеска почнавме со отстранување на депонии во Општина Бутел, лоциравме депонии на дванаесет локации, истите ќе бидат решени за помалку од една недела – информира градоначалникот Дарко Костовски.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцински пак, минатата недела заедно со инспекторите за животна средина спроведоа мапирање на дивите депонии во општината.

Прва локација што била мониторирана, како што известија од Општина Аеродром,  била локацијата кај ФФМ, каде што во програмата на Муцунски е предвидена изведба на парк од 100.000 метри квадратни  со забавни содржини, но во моментов е дива депонија, на која допрва и претстои чистење.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот