Диви свињи направиле хаос на улиците во Баварија

Диви свињи
Диви свињи/ Фото Архива на Слободен печат

Стадо диви свињи во понеделникот залутале на автопатот А9 во близина на градот Хоф во Баварија, предизвикувајќи паника и неколку несреќи, соопшти полицијата, пренесуваат германските медиуми.

Еден возач со својот автомобил удрил на една од свињите.

Животното тешко сто килограми загинало, а хаубата се искривила толку многу што возачот веќе не можел да го гледа патот пред себе, по што се забил во работ на улицата.

Потоа, друг возач налетал на телото на животното, по што и неговото возило било оштетено.

Остатокот од стадото диви свињи се исплашило, го прескокнале тротоарот и се упатиле на спротивната страна на автопатот каде уште еден возач се судрил со една од свињите.

Вкупната штета се проценува на 30.000 евра. Никој од лицата не е повреден во серија сообраќајни несреќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот