Дивеење во Шпанија: Полицијата во Каталонија уапси 38 лица на протест за поддршка на раперот Пабло Хасел

Фото: EPA-EFE/QUIQUE GARCIA

Полицијата на шпанската покраина Каталонија информира за апсење на 38 лица поради кражби во продавници во изминатата ноќ, по протестот за поддршка на уапсениот рапер Пабло Хасел (32) кој е осуден за величење на тероризам и навреди кон кралот Фелипе Шести.   

За време на протестот, петти по апсењето на музичарот, се случија сериозни инциденти, наведе полицијата и додаде нејзини службеници биле гаѓани со камења и други тврди предмети.

Демонстрантите во Барселона го искористија протестот за грабежи по продавници во центарот на градот. Притоа подигнале барикади, палеле канти за отпад, а оштетена е фасадата и на Палатата на музиката во Барселона, објект што е на списокот на светко наследство на Организацијата при Обединетите нации (ОН) за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот