Дивата во проблеми: По откажувањето на венчавката, сега мора на суд! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Проблемите околу венчавката која е одложена поради пандемијата од коронавирусот, се чини дека не е единствено што ја загрижува латиноамериканската пејачка и актерка, Џенифер Лопез.

Оваа преубава жена имено се најде во проблеми „до грло“ и тоа поради фотографија која ја објави на својот профил на Инстаграм – пишува „Page Sex“.

 

View this post on Instagram

 

#Harlee

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Имено, њујоршкиот фотограф Стив Стандс, кој е автор на спорната фотографија, тврди дека Џенифер и нејзината компанија „ Nuyorican Production“, објавиле фотка за која ги немаат авторските права и дека тој не добил ниту еден долар.

Поради тоа, фотографот ја тужи пејачката и поради фотката бара 150.000 долари, а исто така, таа ќе мора да ги подмири и трошоците околу судењето, пишуваат медиумите.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Џеј Ло барем досега се нема огласено за спорниот инцидент, а фотографијата исто така не е избришана од нејзиниот профил на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот