Дивац: Политиката не раздвои со Дражен

фото:принтскрин

Владе Дивац минатата недела стана член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд како награда за одличната кариера во која стана еден од најдобрите европски кошаркари во Историјата. Заедно со уште една легенда, Дино Раѓа, создадоа центарски тандем од кого немаше одбрана, а нивната филозофија „еден скока, друг трча“, ја редефинира улогата на центрите во кошаркарката.

Владе Дивац кариерата ја започна во Слога Краљево, по што се пресели во Партизан, за потоа наредна станица во кариерата да му биде НБА лигата. Тој беше меѓу првите европски кошаркари кои заиграа во НБА, во 1989 година стана член на славните Лос Анџелес лејкерс кои го избраа како 26 пик на драфтот.
Освен за лејкерс, Дивац настапуваше уште и за Шарлот хорнетс и Сакраменто кингс каде моментно ја извршува функцијата генерален менаџер.

– Чувството да се влезе во Куќата на славните е прекрасно и тешко е да се опише со зборови. Се што во животот дадов и жртвував за кошарката, сега ми се врати. Поради моето семејство, пријателите и сите оние кои ме поддржуваа, мило ми е што влегов во ова друштво и мило ми е што до тука дојде и Дино Раѓа за да ми даде поддршка – вели Дивац во интервјуто за хрватски „Индекс“.

За името на Владе Дивац го поврзуваат некои од најголемите контроверзи во спортот од поранешната СФР Југославија. Во 1990 година, СФРЈ стана светски шампион на Мундобаскетот во Аргентина, а Дивац при прославата на титулата го одзеде хрватското знаме од еден навивач кој беше на паркетот.

– Секогаш е подобро нешто да се види со своите очи отколку да се креира мислење на тоа што луѓето го зборуваат. Фасцинантно ми е што и по 30 години оваа случка сè уште е актуелна. Тогаш постоеше една држава Југославија и во тие моменти на паркетот не беа потребни други знамиња. На тоа знаме кое се појави на паркетот, не му беше местото таму. Тоа знаме не беше хрватско. Барем немаше обележја какви што имаше службеното знаме на Хрватска во тоа време. Повторувам, Југославија стана светски шампион, сите ние тогаш настапувавме за таа земја и ниту едно знаме освен југословенскотко во тои моменти не требаше да биде на паркетот. Мислам дека бев јасен со ова – вели Дивац.

Владе Дивац зборуваше и за прекинот на пријателството со легендарниот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ. Пред неколку години американската телевизија ЕСПН објави документарен филм „Еднаш браќа“ со Дивац во главната улога, а во кој зборува за односот со Петровиќ.

– Односот со Дражен беше таков како што беше прикажан во филмот. Бевме вистински, прави пријатели. Постоеше неверојатно почитување и респект се до моменто кога за жал патиштата ни се разделија. Неколку години пред неговата смрт ги заладивме односите. Поради недоразбирања. Дали за тоа недоразбирање се одговорни политичките манипулации? Апсолутно – зборува Дивац за Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот