Див ископ причина за прекин во снабдувањето со струја во Тетово

струја

Без напојување со електрична енергија остана западниот дел од Тетово, односно од пазарот и сите останатите населби кон касарната. 

Снабдувањето со електрична енергија во повеќе населби во Тетово по повеќе од осум часа прекин, е продолжено околу 1 часот ноќеска, откако имаше прекин од 16 часот. Од ЕВН Македонија – Електродистрибуција информираат дека поднеле пријава до МВР откако увиделе дека станува збор за дефект предизвикан од трето лице кое направило див ископ и така ја оштетило мрежата.

– По пријавата за прекинот околу 16.05 часот, екипите на Електродистрибуција веднаш пристапиле на терен при што констатирале дека дефектот настанал на 20 киловолтен подземен кабел преку кој со електрична енергија се снабдуваат осум трафостаници. На лице место каде што дефектот бил детектиран со мерна кола, видно било дека трето лице вршел див ископ при што го оштетил 20 киловолтен подземен кабел. Третото лице се обидело да ја затрупа дупката, но неуспешно трагите и денес се видливи, информираат од одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

Случајот бил пријавен во МВР.

– Од полицијата е изготвен записник за оштета од трето лице и се води истрага против сторителот. Екипите на Електродистрибуција работеа без прекин на терен, се со цел да се врати нормалното снабдување кај корисниците во најбрз можен рок. За жал, поради сериозната и комплексноста на дефектот кој беше предизвикан од надворешниот субјект, санацијата траеше осум часа. Жителите на овој дел од градот добија електрична енергија во 00:20 часот наутро, соопштуваат денеска од Електродистрибуција дел од ЕВН Македонија.

Без напојување со електрична енергија остана западниот дел од Тетово, односно од пазарот и сите останатите населби кон касарната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот