Дисциплинска постапка за германски полицаец – не реагирал откако забележал двојник на Хитлер (ВИДЕО)

Двојникот на озлогласениот Хитлер се појавил на улица во источната покраина Саксонија во Германија, на мотоцикл во стилот на оние од нацистичкиот Вермахт.

Германската полиција размислува за започне дисциплинска постапка против полицаецот кој не реагирал кога на улица забележал двојник маскиран во Адолф Хитлер, пишува „Б92“.

Двојникот на озлогласениот Хитлер се појавил на улица во источната покраина Саксонија во Германија, на мотоцикл во стилот на оние од нацистичкиот Вермахт.

Полицијата соопшти дека инцидентот се истражува, бидејќи постои можност оти двојникот на нацистичкиот лидер ги прекршил законите за употреба на забранети симболи.

На снимката објавена на социјалните мрежи, може да се забележи како случајните минувачи се смеат, а меѓу нив е и полицаец во полициско возило, а многумина и се фотографирале со мотоциклистот и неговиот сопатник со карактеристичен изглед.

Гувернерот на Саксонија, Михаел Кречмер, на Твитер напиша дека појавувањето во „облечен како масовен убиец е повеќе од невкусно“. Додаде дека таквото однесување е неприфатливо и дека такво нешто нема да се повтори.

Властите во Саксонија веќе извесен период се борат да ја поправат сликата на оваа покраина, која се смета за плодно тло за неонацистички активности, откако крајно десничарската партија Алтернатива за Германија освои повеќе од четвртина од гласовите на локалните избори минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот