Дисциплината на Словенците на високо ниво и без полициски час, вториот сет економски мерки вреден 3 милијарди евра

Наташа Илијева – Ацевска, од Центарот за инзвонредност во финансии со седиште во Љубљана во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за состојбата со Словенија и начинот на кој се справуваат со коронавирусот.

-Духот и дисциплината во Словенија се покажаа на високо ниво. Се следеа мерките, има и околу 2.900 казни. Има една разлика со Македонија. Луѓето тука живеат во села и работат во селата. Помогна тоа што не се мешаа со градовите. Мерката, односно забраната луѓето да патуваат во други општини даде свој резултат, изјави Илијева – Ацевска.

Покрај економскиот сет мерки, Словенците немаат класичен полициски час, но имаат еден час за спортување и право да испазарат до маркет или аптека.

-Словенците се дисциплинирани но имаат и голем осет кога е помината нормалата. Промената на власта будно ја следат, ја критикуваат. Има и замерки дека се користи ситуацијата да се намали нивото на отвореност и демократија. Нема собирање на луѓе, повеќе од двајца, и иако немаме класичен полициски час, сето тоа се почитува. Имаме право само до самопослуга, аптека и еден час за спортување/шетање.

Економските мерки се обемни и опфатни. Вториот пакет е околу 3.000.000.000 евра. Покриени се фирми, мали претприемачи, големи фирми, културни работници, вели Илијева – Ацевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот