25 C
Скопје

Разногласие околу вакцините на АстраЗенека во Европската комисија

Генералната директорка на Европската комисија за здравство Сандра Галина нспроти  претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како што пренесува агенцијата Бета,  вели дека Европската комисија се дистанцира од лабораторијата АстраЗенека во рамки на својата стратегија за вакцинација против ковид 19 во првото тромесечие, по големите застои во испораката на вакцината од британско-шведската компанија.

„АстраЗенека чија вакцина требаше да биде употребена за масовна вакцинација во првиот квартал на годината не можеше да гарантира повеќе од 25 отсто од сто милиони дози кои ги вети, што претставува проблем за европските дваесети седуммина“, рече Галина вчера во обраќањето пред европските пратеници, и додаде дека ги очекува вакцините на Фајзер БиоНТек и Џонсон и Џонснсон.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, пак вчера рече дека постигнале договор со АстраЗенека во првиот квартал од годината да испорача дополнителни 9 милиони дози, или вкупно 40 милиони дози, и дека компанијата со испораката ќе почне една недела порано. Таа изјави дека компанијата че ги прошири своите производствени капацитети во Европа.

ЕУ ќе добие повеќе вакцини од АстраЗенека и Фајзер

Германскта лабораторија на БиоНТек вчера вети дека во вториот квартал на ЕУ ќе и испорача дополнителни 75 милиони вакцини.

„Во вториот квартал ќе има многу повеќе вакцини, бидејѓи новиот договор стапува на сила. Нема да ги имаме само БиоНТек и Модерна, туку БиоНТек со  нов договор што е двојно поголемо количество“, рече Галина.

Минатата недела беа разменети остри пораки меѓу АстраЗенека и Европската Унија.
Астра Зенека доцни со испораката на вакцините, како што наведе, поради пад на производството во една нејзина фабрика во Европа. ЕУ ја обвини британската лабораторија дека ја фаворизира Велика Британија во испорака на вакцините, наспроти договорот за вакцини со Брисел.

Директорот на АстраЗенека Паскал Сорио рече дека според договорот компанијата вети дека ќе направи најдобро што може кога е во прашање испораката на вакцини, а ЕУ смета дека роковите се обврзувачки и клаузулата најдобро што може е вклучена во договорот, бидејќи тој е пишуван додека вакцината уште не беше развиена.

Поврзани вести

ЦИВИЛ: Бришењето зборови од Речникот на македонскиот јазик нема да го намалат говорот на омраза, туку ќе го засилат

Слободен печат

Денеска се регистрирани 234 нови случаи на коронавирус, 25 лица починаа

Слободен печат

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

Формирана анкетна комисија за разрешување на албанскиот претседател Мета

МИА Агенција

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија

Слободен печат

Остави Коментар