Дирк Новицки на чело на Баерн Минхен?

EPA/PAUL BUCK

Ули Хенес пред да си замине од претседателската функција во фудбалскиот гигант Баерн Минхен, сака во кошаркарскиот клуб да го приклучи легендарниот Германец, Дирк Новицки кој летово ја заврши кариерата. Се шпелулира дека Новицки би можел да добие едно од челните места во кошаркарскиот тим.
– Доколку изрази желба да работи во Германија, тогаш мораме да пронајдеме начин да се договориме – вели Хенес.

Откако летово се пензионира од кошарката, Новицки кој целата кариера ја помина во НБА лигата во Далас Маверикс, изјави дека би сакал да остане во кошарката, како тренер или како менаџер на некој клуб. Освен Баерн,  и од Далас маверикс најавија дека се подготвени да му понудат функција на Новицки.

Сепак, Хенес напомена дека пристигнувањето на Новицки во Баерн нема да се случи веднаш туку за неколку години.
– Мислам дека прво треба добро да одмори од кошарката – додаде Хенес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот