Директорот на Твитер: Блокирањето на профилот на Трамп беше правилна одлука, но опасен преседан

Фото: EPA-EFE/HANNAH MCKAY / POOL

Директорот на американската компанија Твитер, Џек Дорси денеска изјави дека блокирањето на профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи беше правилната одлука.

Меѓутоа, тој изрази жалење заради, како што наведе, вонредните и неиздржливи околности околу трајната суспензија на Трамп од Твитер. Според него, тоа е опасен преседан.

Дорси потсети дека суспензијата следела после повеќе предупредувања испратени до американскиот претседател заради спорните содржини на неговите пораки. Тој, исто така, го прифатил фактот дека таа постапка ќе има последици за отворен и слободен интернет.

Според неговите зборови, забраната е дел од неуспехот на Твитер кој не направил доволно за да покрене „здрава конверзација“ на платформите.

Дорси додаде дека не славел, ниту пак чувствувал гордост поради суспендирањето на профилот на Трамп до што дојде по немирите во Вашингтон минатата недела.

Твитер наиде на критики и пофалби заради суспензијата на профилот на Трамп.

Британскиот Би-Би-Си потсети дека германската канцеларка Ангела Меркел и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор биле против постапките на Твитер.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот