Директорот на СЗО допатува во Кина поради корона вирусот

Директорот на СЗО изјави дека нема да се двоуми да го свика Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација доколку процени дека ситуацијата во Кина е влошена.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус допатува во Пекинг, каде ќе разговара со кинеските официјални претставници за борбата против ширењето на смртоносниот корона вирус, од кој во Кина починаа 81 лице, а 2.750 се заразени.

Минатата недела СЗО не прогласи глобална вонредна здравствена состојба и констатира дека Кина преземала соодветни мерки, вклучувајќи изолирање на повеќе градови и подрачја со околу 50 милиони луѓе, со цел да се спречи ширење на вирусот.

Директорот на СЗО изјави дека нема да се двоуми да го свика Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација доколку процени дека ситуацијата во Кина е влошена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот