Директорот на руско разузнавање тврди: Сталин ја нарекол дезинформација пораката дека Германија е подготвена за напад врз СССР

Сталин ја нарекол дезинформација пораката од советското разузнавање дека до јуни 1941 година Германија ги завршила сите воени подготовки за напад врз Советскиот Сојуз. Ова го напиша директорот на Руската служба за разузнавање, Сергеј Наришкин во статија за списанието „Национална одбрана”.

Според извештајот, на 17 јуни 1941 година, Сталин повикал високи разузнавачки службеници во Кремљ за да открие колку е сигурен изворот од кого ја добиле пораката претходниот ден дека Хитлер може да го нападне СССР во секој момент. Информацијата дошла од Харо Шулце-Боисен, еден од водачите на Црвената капела – антинацистичкото движење во Германија.

Советскиот шеф за надворешно разузнавање Павел Фитин уверил дека изворот е апсолутно сигурен.

„Но, откако внимателно ги слушаше објаснувањата, водачот остро реагираше:- Дезинформации. Вие сте слободни”.

Сталин побарал дополнителни докази, а Фитин веднаш ја испратил наредбата до советскиот „штаб”  во Берлин, но аналитичкиот документ пристигнал во Москва доцна откога започнала војната.

Само од јули 1940 година до јуни 1941 година, разузнавањето испратило повеќе од 120 информации до советското раководство.

Информации за точниот датум на германскиот напад биле добиени во Москва 11 денови пред да почне офанзивата.

Во извештајот на бирото на Сталин, чија фотокопија е објавена од списанието, се наведени советски локалитети кои први ќе бидат бомбардирани од нацистички авиони, се опишува распоредувањето германски борбени авиони и се наведува дека германски команданти се веќе назначени „за идни области” во окупираниот Советски сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот