18 C
Скопје

Директорот на Рома објасни зошто се одлучија за Мурињо

Фудбалска вест број еден денеска е именувањето на Жозе Мурињо за нов тренер на Рома.
„Римската волчица“ само што му врачи отказ на Паоло Фонсека, за нов тренер е назначен Мурињо, а спортскиот директор Тијаго Пинто за „Тутоспорт“ ја објасни објасни одлуката.

– Кога ни се укажа можност да го ангажираме Жозе, не чекавме ниту еден момент. Веднаш ја искористивме шансата и разговаравме со еден од најдобрите тренери во историјата. Не импресионира неговата желба за победување како и страста за фудбалот. Во кариерата има освоено толку многу трофеи, но фасцинантно е што воопшто не му е грижа за минатото. Секогаш е фокусиран на идниот трофеј, има знаење, искуство и знае како да ја води екипата во сите натпреварувања. Свесни сме дека е потребно време, трпение и вистински луѓе на вистинско место за да можеме да изградиме успешен спортски проект и и уверени сме дека Жозе е идеален тренер за нашиот проект – изјави Пинто.

Сензационален трансфер: Мурињо ќе биде новиот тренер на Рома!

 

Поврзани вести

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Митревски го реши португалското дерби

Слободен печат

Ливерпул не се откажува од Лигата на шампионите

Слободен печат

Беретини и Зверев ќе играат за титулата во Мадрид

Слободен печат

Остави Коментар