Директорот на Ролан Гарос предупредува: Не смееме да ги повториме грешките од „Адриа тур“

Ролан Гарос може да им стапи рампа за настап на Медведев, Рубљов, Сабаленка/ фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Организаторот на Ролан Гарос ги презема сите мерки за тенисерите и тенисерките да бидат безбедни и максимално заштитени од коронавирусот.

Директорот на Ролан Гарос, Ги Форже, не сака да му случи „Адриа тур“ каде дури четворица тенисери беа позитивни на коронавирус, Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Виктор Троицки и Борна Чориќ како и уште тројца тренери.

– Можеби некои луѓе на таму имаа премногу самодоверба. За среќа, никој не заврши со посериозни последици но и неколку случаи на коронавирус се премногу. Сакане да го избегнеме тоа и не смееме да ги повториме нивнинте грешки. Доколку некој се зарази, тоа ќе биде погубно за нас и затоа мора да бидеме внимателни – вели Форже.

Иако се преземаат сите мерки за заштита, организаторот на Ролан Гарос ќе дозволи навивачи на трибините. Форже очекува во првата недела на комплексот во Ролан Гарос да има вкупно 20.000 посети дневно, додека во завршницата таа бројка би се намалила на 10.000 бидејќи натпреварите ќе се играат само на неколку терени. .

– Гледаме фудбал преку телевизија и тоа е ОК, но сепак нешто недостасува. Ги следиме сите препораки на властите за да обезбедиме услови за присуство на публиката – додава Форже.

Ролан Гарос е закажан да се одржи од 20 септември до 4 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот