Директорот на „Плодност“ се обрати на јавноста откако доктор од болницата се зарази со Ковид-19 (ВИДЕО)

Прим. д-р Таше Трпчевски, директор на болницата „Плодност“, одлучи преку видео да и се обрати јавноста, за како што вели, да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини околу заразениот доктор, како и дека болницата ќе биде целосно затворена до 14 април.

„Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг периот не го напуштил градот, по што следува заклучеок дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата.

Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба.

Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот.

По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.

Но сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 дека, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање.

Ова е само уште една потврда дека докторите, кои се во служба на своите пациенти, во овој период се едни од најизложените на корона вирусот.

Ви посакуваме добро здравје, останете безбедни во своите домови, а болницата, заедно со медицинскиот персонал, по извесен период, повторно ќе биде во функција на нашите пациенти. Ви благодариме на поддршката која што ни ја дадовте во текот на вчерашниот ден и на разбирањето кое го покажавте. И како вели д-р Христијан Трпчевски, да сте ми живи и здрави, за на век.

Прим.д-р Таше Трпчевски“

Погледнете го целото обраќање:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот