Директорот на паркинзите во Центар позитивен на коронавирус

Фото: Facebook/ Васко Кичевски

Позитивен на ковид -19 е директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, Васко Кичевски. Тој од денеска е во самоизолација.

Вели дека има благи симптоми, со добра клиничка слика.

„И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за ковид-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во опасност“, напиша Кичевски на Фејсбук.

Рекордни 317 нови случаи на ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се, во истиот период 1.990 тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот