Директорот на „ОУ. Невена Ѓeoргиева- Дуња“ демантира: Не сме донеле одлука за целосно преминување на онлајн настава

Фото: Фејсбук

Не сме донеле одлука целосно да преминеме на онлајн настава, тоа се некои наши размислувања поради ситуацијата во која се наоѓа државата и ние мораме да се подготвуваме за сите можни сценарија, вели Хари Стојановски за „Слободен печат“, директорот на основното училиште во Кисела вода, ,,Невена Ѓеоргиева – Дуња“, за кое во медиумите се шпекулираше дека е второто скопско училиште по ОУ „Владо Тасевски“, кое поради вирусот преминува целосно на онлајн настава.

Стојаноски ги демантира тие тврдења, но истакна дека има родители на ученици кои се позитивни на вирусот, како и тоа дека не сите се тестираат за да се знае кои деца се носители на ковид-19. 

– Не сме донеле официјална одлука дека веќе преминуваме на онлајн настава. Во овој момент немаме заболени наставници, она што е специфично кај нас е тоа што имаме повеќе родители забоболени од ковид, а тие деца си остануваат дома, меѓутоа не се тестираат сите за да знаеме ние дали тие деца се носители на вирусот, за да можеме целите одделенија или групи да ги ставиме во изолација. Обично родителите не ги тестираат, или матичните доктори ако децата немаат симптоми не ги пуштаат да се тестираат – додава Стојановски, истакнувајќи дека моментално само двајца или тројца ученици од ова училиште се тестираат на вирусот. 

– Моментално две или три дечиња од погорните одделенија се тестираат на ковид, а во ниските одделенија немаме такви случаи. Засега продолжуваме нормално, а ако има потреба и Комисијата за заразни болести донесе одлука сите да преминеме на онлајн настава, мислам дека нема да имаме проблеми со тоа – заврши Стојаноски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот