Директорот на ГТЦ е изненаден, од медиумите дознал за „рудникот“ за криптовалути

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, во изјава за ТВ21 вели дека од медиумите дознал за случајот со „рудникот“ за криптовалути кој беше откриен во магацински простор во сутеренот на Градскиот трговски центар.

„Најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата, бидејќи се работи за 500 до 600 дуќани, магацински и деловен простор и друг вид на простории, вели Трајчевски околу случајот.

На прашањето дали има забележано некакви комбиња во тој дел од ГТЦ, Трајчевски категорично демантира.

-Не сум забележал ништо. Дуќанџиите оставаат долу возила и комбиња, се врши дотур на стока. Утре ќе стапам во контакт со МВР и органите за да видиме што понатаму, прецизира Трајчевски.

Откако најпрвин беа испратени полициски сили во ГТЦ по пријава дека копањето за криптовалути се прави преку див приклучок за струја, МВР соопшти дека не било утврдено дека се краде струја, па затоа полицајците се повлекле, бидејќи копањето криптовалути не е казниво дело во земјава.

ВИДЕО: ГТЦ преполн со полиција, фатени нелегални копачи на криптовалути

Видео на денот