Директорот на граничната полиција на БиХ: Границата ни е шуплива како швајцарско сирење

Фото: granpol.gov.ba

Директорот на Граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ изјави дека границата на БиХ е „шуплива како швајцарско сирење“, пренесува порталот klix.ba, и дека немаат доволно кадар за нејзино обезбедување во екот на мигрантската криза. Кадровското пополнување, според него, истовремено станало невозможна мисија поради „опструкции од Сараево“.

Тој додаде дека кога станува збор за раководење со босански кадри, посто притисок да не се чепкаат тие луѓе.

– Иако нè има премногу и се судираме по ходници, би требало да има прераспределба и некои да бидат пратени на граница, Но, тоа засега е невозможна мисија. Еве и зошто. Со тоа би се укинале некои позиции, некои шефови, некои високи функционери. Не, нема да бидат укинати места, туку нема да бидат во Сараево и нема да јадат баклава и да се шетаат по Башчаршија, туку ќе имаат работа и ќе бидат на граница. А, ние затоа и сме формирани, да одиме да ја штитиме државната граница“, изјави Галиќ за локалната АТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот