Директорот на Фондот за иновации Коста Петров ги скрши двете раце по пад од велосипед

фото Фејсбук

Директорот на Фондот за иновации и технлошки развој (ФИТР), Коста Петров, си ги скршил двете раце откако паднал од велосипед. Тој на Фејсбук напиша дека и двете раце му се ставени во гипс, но дека се чувствува подобро и дека му следува период на рехабилитација.

„Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на кејот на Вардар и чекаа со мене додека дојде возилото на Брза помош, особено Перо Камиказа. Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до д-р Александар Трајановски и д-р Александар Савески, за грижата и за посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор, а за неколку недели продолжуваме со уште позабрзано темпо“, напиша Петров на својот Фејсбук профил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот