Директорот на Финансова: Ќе докажеме каде завршија парите од „Еуростандард“ – Вмешани се над 140 фирми

Првиот човек на УФП вели дека не се вистините шпекулациите на одредени поартали кои објавиле дека тој не е достапен и дека наводно бил во бегство.

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми вечерва изјави дека се на добар пат да докажат каде завршиле парите од „Еуростандард банка”.

– На добар пат сме да ја докажеме одговорноста на сите вмешани страни кои се дел од оваа алка, рече Муареми во гостувањето во Телевизија 24.

Тој истакна дека за „Еуростандард банка” постапуваат по неколку добиени наредби од Обвинителство за организиран криминал и корупција.

– На почеток мислевме дека не е толку организирано, но кога веќе почнавме да истражуваме во самата банка и по добиените банкарски сметки од неколку фирми, веќе утврдивме голема мрежа која може да кажеме дека не се работи за 140, туку за повеќе фирми, нагласи Муареми.

Тој посочи оти е факт дека кога се работи за јавните пари секогаш постои ризик за корупција.

– Тешко е да докажеме каде завршуваат парите, бидејќи не секогаш тие завршуваат во нашата држава, некогаш се прелеваат во друга дражава. Големиот дел на корупцијата од тоа доаѓа, посочи Муареми.

Управата за финансиска полиција, како што додаде тој, веќе почнала предистражна постапка за две-три други банки, кои постапувале на сличен начин, но разликата е во тоа што другите банки го искористиле заложното право. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот