Директорот на „Фајзер“ пак е позитивен на коронавирусот, вторпат во два месеца

Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“/ Фото EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Извршниот директор на американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат во последните два месеца.

– Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.

Во август Бурла за првпат имаше ковид и почна да го пие лекот против болеста „Паксловид”, развиен од неговата компанија.

Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од „Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“.

Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.

– Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од „Модерна“ и тимовите на „Фајзер“ и „Бионтек“, се насочени кон подваријантите БА.5 и БА.4 на сојот „Омикрон“ на вирусот, кои во моментов се одговорни за 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот