Извршниот директор на компанијата „Фајзер“ Алберт Бурла изјави дека е убеден дека до крајот на 2021 година ќе има повеќе дози на вакцини против коронавирус отколку што се потребни за борбата против пандемијата.
– Убеден сум дека до крајот на 2021 година ќе имаме повеќе дози на вакцини отколку што ни се потребни. Правиме се што можеме да ги зголемиме производните капацитети, но проблемот е што мораме да ги зголемиме во наредните неколку месеци, рекол Бурла на онлајн конференција, пренесува Ројтерс.
Меѓутоа, Бурла рекол дека владите се уште не треба да ги олеснуваат другите мерки.
– Важно е да ја користиме вакцината како едно средство, рекол тој и додал дека несомнено е дека таа ќе биде најефикасна, со најдолг траен ефект.
– Времето кога ќе може да се вратиме во нормала не е далеку, но дефинитивно не е сега, навел тој.
Фајзер минатиот месец објави дека нивната вакцина е ефикасна околу 95 отсто. Велика Британија стана првата држава на светот која ја одобри употребата на вакцина против коронавирус на Фајзер и Бионтек.
Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“
Извор: Блиц.рс