Директорот на ЦУК со овој пост ги насмеа сите: Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава!

Популарниот политичар и поранешен генерал Стојанче Ангелов од вчера е на нова функција – директор на Центарот за управување со кризи кој ќе има своја важна улога откако синоќа владата прогласи кризна состојба на целата територија на државата.

„Почитувани ФБ пријатели! Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19“, се обрати до граѓаните Стојанче Ангелов, кого неодамна владата го постави за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ангелов во оваа прилика ги повика и сите граѓани кои имаат конструктивни идеи, забелешки, совети и критики – да ги напишат на ФБ страната на ЦУК.

Главниот штаб за управување со кризи со кој раководи Ангелов синоќа одржа седница, а денеска на нова седница која е најавена за 16 часот треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата што го изготвува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот