Кошлуков: На Грција и требаа 25 години да ја поправи географијата на РСМ, можеби нас ќе ни требаат 25 години да ја поправиме историјата

Емил Кошлуков/ Фото: Фејсбук

„На Грција и требаа 25 години да ја поправи географијата на Република Северна Македонија, можеби нас ќе ни требаат 25 години да ја поправиме историјата. Не желбата, туку правата за емитување го спречуваат БНТ1 да емитува во Република Северна Македонија во моментов. Ние во БНТ не го титлуваме македонскиот јазик“. Ова во „Денот започнува со Георги Љубенов“ го изјави извршниот директор на БНТ, Емил Кошлуков.

Според него, ако БНТ сними филм за грчката историја, тоа нема да го направат БТВ и Нова, тоа е важно за општеството, а не за комерцијалните телевизии.

„Проблемот со Македонија е историјата, македонскиот идентитет е производ кој е нов. Мислам дека кабинетот постапува правилно, без дијалог нема да се случи ништо“, додаде Емил Кошлуков.

Бугарската национална телевизија мора да ги штити националните интереси, политичките одлуки ги носат политичарите. БНТ мора да направи повеќе во однос на Република Северна Македонија – не е доволно само да пренесува вести, да каниме гостин. Ако направиме „референдум“ на темата, ако направиме дополнителни филмови, ако го покажеме грчкиот пример, тоа ќе му помогне на бугарското општество подобро да ги разбере односите со Република Северна Македонија, ова е улогата на јавните медиуми, дополни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот