Директорот на болницата во Вухан почина од коронавирус

Фото: EPA-EFE/XIONG QI

Лиу Жиминг (51), директор на болницата Вучанг, починал утрово и е прв директор на болница кој починал од Ковид-19.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.873, а денеска почина и директорот на централната болница во Вухан, неврохирургот Лиу Жиминг.

Лиу Жиминг (51), директор на болницата Вучанг, починал утрово и е прв директор на болница кој починал од Ковид-19.

Бројот на починати надвор од Кина е пет, а заразени се околу 73.000 луѓе низ целиот свет.

На крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама, денеска се регистирани нови 88 заразени, со што вкупниот број на потврдени случаи на крузерот достигна 542 инфекции.

Претходно од Ковид-19 почина и Ли Венлианг, кинескиот лекар кој прв предупреди на опасноста од новиот коронавирус.

„Гардијан“ денеска пишува дека минатата недела во четвртокот починал и поранешниот директор на болницата во градот Ежоу, во провинцијата Хубеи. Неговата смрт ја потврдила медицинска сестра која работи во болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот