Директорот на белоруското КГБ тврди: Западот подготвува воен напад на Белорусија

Иван Тертел (лево) и Александар Лукашенко (десно) Колаж: СП. / Фото: ЕПА

Одредени кругови на Запад размислуваат за употреба на сила како начин за промена на владата во Белорусија, рече денеска директорот на Белорускиот комитет за безбедност (КГБ), Иван Тертел, објави новинската агенција БЕЛТА.

 Кругот на луѓе на Запад што донесува одлуки разгледува различни опции за промена на владата во Белорусија, како неопходен услов за постигнување на нивната геополитичка цел во Источна Европа. Тие не ја исклучуваат употребата на воена сила – изјави Тертел за време на разговорите со претседателот Александар Лукашенко.

 

„Западот и членовите на белоруската опозиција кои ја напуштија земјата планираат да ги интензивираат своите активности во септември и октомври или првата половина на следната година, под изговор дека животниот стандард на белорускиот народ е намален поради санкциите”, нагласи Тертел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот