Директорот на Австралија Опен открива: Новак направи револуција во Мелбурн

Фото: EPA-EFE/FRANCIS MALASIG

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, се заложи наградниот фонд на Австралија Опен да се распредели така што повеќе пари ќе добијат тенисерите кои ќе испаднат во првата недела од грен слем турнирот, на сметка на тие што ќе останат во завршницата.

Оваа информација најверојатно немаше да излезе во јавноста доколку не се огласи директорот на Австралија Опен, Крег Тили.

– Драстично ги намаливме наградите за победниците, а играчите како Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс се согласија парите да се распределат така што послаборангираните тенисери ќе можат да заработат повеќе пари бидејќи за нив ова е тежок период. Иницијативата веднаш беше прифатена и никој не се противеше – изјави Тили.

Победникот во машка и женска конкуренција на Австралија Опен ќе заработи 2.75 милиони австралиски долари, што е многу помалку во однос на минатата година кога Софија Кенин и Ѓоковиќ за триумфот заработија по 4.12 милиони австралиски долари.
Во исто време, зголемени се паричните награди за првите три кола и тоа во просек по 20 проценти во однос на минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот