Директорот на Антикорупциската комисија на Бугарија поднесе оставка

Сотир Цацаров/ Фото МИА.мк

Директорот на бугарската агенција за борба против корупцијата Сотир Цацаров поднесе оставка бидејќи новата бугарска центристичка влада бара законски измени за да започне борба против широко распространетата корупција, изјави денеска портпаролот на бугарскиот парламент, пренесува БГНЕС.

Бугарија е рангирана како најкорумпирана земја-членка на Европската Унија според Транспаренси Интернешнл.

Коалициската влада предводена од премиерот Кирил Петков, кој ја презеде функцијата минатиот месец ветувајќи нулта толеранција за корупцијата, планира да ја ревидира агенцијата како прв чекор кон ставање крај на климата на неказнивост во таа балканска земја.

Аналитичарите велат дека корупцијата на високо ниво е сериозна пречка за амбициите на Бугарија да привлече повеќе странски инвестиции и да се приклучи на Шенген и еврозоната. Цацаров, поранешниот главен обвинител ја презеде Антикорупциска во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот