Директорката на УЈП закрепна од Ковид-19, изрази благодарност до зравствените работници

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

По два негативни тестови за коронавирусот, се враќам на моите секојдневни обврски. Сакам од срце да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка овој период – морална и функционална, напиша директорката на Управата за јавни проходи (УЈП), Сања Лукаревска.

-По ова искуство сакам да упатам порака до сите наши сограѓани – бидете одговорни, но и солидарни. Ова е вирус кој може да допре до секој од нас. Да бидеме многу внимателни, да ги заштитиме нашите блиски и сите сограѓани. Да подадеме рака и да дадеме силна поддршка на оние кои се соочуваат со вирусот, заедно со сите опасности кои ги носи- напиша Лукаревска на Фејсбук.

До сите кои имале контакт до КОВИД-19, Лукаревска изрази сочувство за загубените животи и лесно опоравување за оние кои се борат за своето здравје.

-Секоја чест за здравствените работници, кои храбро и решително застанаа и останаа во првите борбени редови. Да им помогнеме, да продолжиме да ги почитуваме мерките. Да бидеме тука еден за друг – силни и обединети- напиша Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот