Директорката на „Љубен Лапе“: Не можев да ја избркам наставничката само со исказ на родители, затоа си заминав јас

ОУ „Љубен Лапе“, Аеродром, Скопје / Фото: Ристе Пејоски

Марјана Панчевска, директорката на училиштето „Љубен Лапе“ во изјава за Слободен печат вели дека од нејзина стана преземени се сите неопходни процедури за решавање на проблемот со наставничката по математика поради која вчера неколку одделенија ја бојкотираа наставата. Оставката како што вели, ја дала од лични причини, односно поради енергијата што ја истрошила во решавање на овој проблем.

– Од страна на училишето преземени се сите мерки за да се најде решение за проблемот. Веднаш беа разгледни пријавите кои родителите ги поднесоа до педагошко-психолошката служба, до мене како директорка и до советот на родители. Постапката се одвиваше по процедура, наставничката прво доби усна опомена, потоа писмена опомена и посета на часовите од страна на  педагок. На крајот на првото полугодие беше повикан и советник од Бирото за развој на образование кој даде насока да продолжат советодавните посети на часовите. Консултиравме и просветен инспектор од Државниот просветен инспекторат, формиравме дисциплинска комисија која ќе ја преиспита фактичката и ќе одлучи дали е потребна дисциплинска мерка. Можно е да има и соочување, објаснува Панчевска.

На прашањето зошто директорката го напуштила работното место,  а наставничката е се уште на работа, сега веќе поранешната директорка објаснува дека таа би можела да ја избрка од работа наставничката само ако има доказ за тешки прекршувања, а такви докази немала, освен исказите на родителите. Од друга стана, оставката ја дала поради лични причини.

– Поднесов остака од лични причини, премногу енергија вложив во решавањето на овој проблем, и на крајот сепак не успеав да го решам.  Сепак, сметам  дека бојкотот на настава не е соодветен начин да се решаваат проблемите, местото на учениците им е на час, додава Панчевска.

Од Државниот просветен инспекторат велат дека во  текот на денот просветен инспектор ќе направи вонреден инспекциски надзор во училиштето, по што ќе се знае како ќе се постапи понатаму.

– Кај нас претставката стигна вчера и ние веќе денес реагиравме. Инспекторот ќе направи наддзор и по утврдената состојба ќе донесе заклучок, велат од инспекторатот.

Наставничката по математика има долгогодишно работно искуство, но промените во нејзиното однесување настанале неодамна.

Директорката на „Љубен Лапе“: Не можев да ја избркам наставничката само со исказ на родители, затоа си заминав јас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот