Директорката на ЦЈЗ Штип: Коронавирусот се шири насекаде

Нови позитивни случаи на Ковид -19 има во три текстилни конфекции, во болницата, општината и во затворот во Штип.

Директорката на Центарот за јавно здравје од штип, Марија Димитрова вели дека позитивни случаи има и во градинката „Виножито”, а заразен ученик има и во општинското основно училиште „Тошо Арсов”, кој и претходно бил изолиран, поради контакт со позитивен случај.

-Коронавирусот насекаде се шири. Во анкетите лицата кои имаат позитивен тест, посочуваат дека не ни знаат од каде се заразени, вели Димитрова.

Зголемен е и бројот на тестирања. Деновиве, на пунктот се земаат и до 40 брисеви кои се закажани преку „Мој термин”, но има и такви кои според анкетите се сомнителни случаи.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов, по денешниот извештај на Центарот за јавно здравје, најави дека утре седница ќе одржи Општинскиот кризен штаб.

Во Штип, во моментов активни случаи се 227. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот