Директорите на националните телевизии бараат кабелските оператори да го почитуваат законот, и очекуваат оставка од Трајчевски

Телевизиите се пожалија не нелојална конкуренција и посочија примери во кои тие ги откупиле авторски права, а кабелските оператори, без авторски права пренесуваат иста содржина, каков што е примерот со Европското првенство во ракомет.

Откако вчера Здружението на информатичко-комуникациски технологии соопшти дека едногласно имаат одлучено да го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори, за што се обединети сите оператори, денеска својот став на прес конференција го искажаа директорите на националните телевизии.

Атанас Кировски од Телма рече дека е негативно изненаден од ниската општествена одговорност на кабелските оператори.

– Во време кога Владата апелира бесплатно да емитуваме информативни спотови за заштита од коронавирусот, кога сме во очекување да ги почнеме преговорите со ЕУ и кога треба да известуваме за изборните резултати, тие сакаат населението да го стават во информативен мрак. И сето тоа само затоа што од нив е побарано да престанат да крадат авторски права и да ја регулираат нелојалната конкуренциј, истакна Кировски.

Законот за кабелските оператори, како што рече тој, е донесен во 2018 година, по што операторите се пожалиле дека не се подготвени. За таа цел им бил одобрен рок од 12 месеци да го имплементираат Законот.

Телевизиите се пожалија не нелојална конкуренција и посочија примери во кои тие ги откупиле авторски права, а кабелските оператори, без авторски права пренесуваат иста содржина, каков што е примерот со Европското првенство во ракомет.

– За ваквиот однос од страна на АВМУ, очекуваме оставка од директорот Зоран Трајчевски, рече Кировски.

Инаку, операторите се заканија дека ќе ја пренесуваат само програмата на јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал.

Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на РСМ го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот